Првенецот на Осогово – Руен 2251мнв (МТБ)

По исцрпно договарање и разубедување (изборот на локација за планинарење е огромен во последно време за викенд) конечно во четврток вечер јас, Маја Смилевска, Игор (Диви) И Саше (Другарче) решивме да одиме на традиционалното меѓународно искачување на Руен 2251м, Осоговска Планина, но, со велосипеди. (more…)

Како се случи Караџица за Велигден ?!

Среда 1 мај 2013. Планот беше за празникот наместо стандардна скара и алкохол во природа, да се вози точак до Марков манастир. Но утрото тој план се растури. Неколкумина откажаа и на крај останавме Јас и Саше. Па брзо направивме нова рута на движење  и во 9.15ч бев кај него пред зграда во К Вода. Набрзина земавме нешто за јадење од пекарата и тргнавме кон Горно Соње преку Теферич.

(more…)

Маврово Лејк со Никифорово и Галичник Вединг (MTБ)

IMG_4563Дури 4 дена требаа да поминат за да се кандисам да напишам  збор два од викенд бајк акцијата во Националниот парк Маврово. Мислам дека што поскоро ги пренесеш чувствата емоциите и доживувањата од некој викенд евент на лист хартија (читај Ворд фајл), толку подолго ќе опстојуваат во твојата меморија. А бидејќи минатиот викенд беше исполнет и изреализиран во еден “смут” филинг, греота е тоа да не остане забележано и напишано. (more…)

Турно на Каменица 2822 мнв

После три години убедување од страна на Томица, дека турно скијањето е всушност повисокиот степен на планинарење, конечно се предадов и после 30 год, повторно застанав на скии. И тоа како. Прво немавме време ниту за да ја комплетирам опремата, па реков ако нема чевли за скијање, тогаш работа ќе завршат гојзериците, и така не ми беше прв пат да импровизирам.

(more…)

КОРАБСКИ ВОДОПАД – ВО ЦАРСТВОТО НА КОРАБСКИТЕ ВОДИ

Мугри во Скопје, сабота, 4.30 часот наутро. Млакото ветерче кое дува низ скопските улици навестува уште еден жежок ден. Автобусот ги прибира поспаните планинари по Паризанска. Наша денешна цел е Корабскиот (Пројфелскиот) водопад, највисокиот непостојан водопад во Република Македонија, кој се спушта од врвот Мал Кораб (2465 м. н.в.) Планинарскиот марш, долг четириесетина колометри втора година по ред е во спомен на Димитар Боцевски, млад планинар, кој несреќно си го загуби животот. (more…)

FACEBOOK

Facebook Posts

This message is only visible to admins.

Problem displaying Facebook posts.
Click to show error

Error: Server configuration issue

КАЛЕНДАР

<< Oct 2020 >>
MTWTFSS
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1