Планинарењето представува идеален начин за одржување и подобрување на севкупната психофизичка кондиција. Движењето и искачување на планините ги зајакнува мускулите, и ја зголемува подвижноста на зглобовите. Го зајакнува имунолошкиот систем, позитивно делува на работата на срцето и крвните садови и го зголемува транспортот и снабдувањето на крвта со кислород. Ја подобрува размената на материите во организмот, ги намалува маснотиите во телото а исто така и телесната тежина.
Позитивно влијае и врз психологијата, релаксира, ослободува од стрес, ги потикнува позитивните емоции и ја зајакнува самодовербата. Исто така влијае и на социјалниот дел од животот, овозможува создавање на нови познанства и пријателства.
Покрај тоа, движењето низ планините ви отвара нови хоризонти, ја зајакнува врската со природата го менува менталниот склоп.
Бидете дел од планината, таа богато ќе ве награди.