Home » ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ » Првенецот на Осогово – Руен 2251мнв (МТБ)

Првенецот на Осогово – Руен 2251мнв (МТБ)

По исцрпно договарање и разубедување (изборот на локација за планинарење е огромен во последно време за викенд) конечно во четврток вечер јас, Маја Смилевска, Игор (Диви) И Саше (Другарче) решивме да одиме на традиционалното меѓународно искачување на Руен 2251м, Осоговска Планина, но, со велосипеди.

IMG_4553

НОВО ДИЗАЈНИРАНИОТ ДРЖАЧ ЗА ТОЧАЦИ

Сакавме да одиме уште од сабота но поради ненаоѓање смештај за преноќиште во К.Паланка, одлучивме да одиме рано во недела.Во 6 И 30 сите бевме кај Другарче И ги “пакувавме” велосипедите на специјалниот држач на приколката од неговата кола која тој сам ја направи макотрпно со помош на Игорче во саботата.Турата од околу 19-тина километри ја започнавме сами во 9 И 30 од рудникот Тораница.

над Тораница

НАД ТОРАНИЦА

Возевме по широк земјен, повеке каменит пат, во еден дел со ужасна бучава од вентилацијата на рудникот , но И прекрасно планинско зеленило ишарано со жолта, сина, розеникава И лила боја на дивите цвекиња И чаеви.Времето сончево И топло но по изминат половина пат И облачно, совршено за возење велосипед на планина.Маја за прв пат беше на ваков терен со новиот велосипед И нормално И беше потребно повеке време И напор, а не многу подобра бев и јас😉 , но бевме многу упорни И со малку туркање, малку возење па пак туркање И возење И премногу поддршка од Другарче И Диви, но И претекнување од мотори, коли И џипови, кои не загушуваа И посипуваа со прав , конечно се најдовме на врвот во 13 И 30 од македонска страна.

IMG_4538

ВО БУГАРСКА ТЕРИТОРИЈА

Се посликавме И решивме да ја посетиме И забавата по повод 100 години туристичко друштво Осогово од Ќустендил на бугарската страна на врвот, каде не пречекаа прекрасните домакини Силвија И Христо, кои покрај ручекот (стандардно планинарски грав со пушена сланина-закаснивме за плескавиците:) ни подарија И книги.По краткото дружење со нив се спремивме И тргнавме назад.Е тоа беше за Маја прво а за мене второ доживување со велосипед по удолнина на планина.За Другарче И Див немаѓе проблем, проблемот бевме ние зашто не чекаа на етапи.Со малку страв, адреналин до бесвест И молитви за безбедно симнување И на крај со само еден пад на Маја(со последица мала модринка😉 се најдовме кај колата, кај што не чекаа Саше И Игорче.Дел од нашите другарчиња (Јуцка, Зоки, Боби, Веле И Данче) кои на Руен планинареа, веке беа во Рибник Парк Гиновци во прекрасниот амбиент покрај вода па им поминавме – како на гости .

ginovceСледеше разладување со пивце, малку крап И баклава за крај зачинето со многу смеа.На вракање кон дома го фативме И прекрасното зајдисонце, за дома да бидеме во 21, исполнети со преубави впечатоци од прекрасно поминатиот ден.

IMG_4557

 

Снежана Влинтовска 07.07.2014

 

===========================================================

 

За Руен и пристапните патишта

 

Руен е највисок врв на Осоговските Планини, висок 2252 метри. Врвот се наоѓа на самата граница меѓу Република Македонија и Бугарија, и е дел од 100-те национални туристички објекти на Бугарија. На 200м северо-источно од врвот во бугарска територија се наоѓа и заслон Руен

IMG_4533IMG_4535

 

Правци за искачување

 

На врвот „Руен“ можете да се искачите главно од четири правци, и тоа 3 од Македонска страна а еден од Бугарска страна. Првиот од Македонска страна е од правецот на Кочани преку Пониква до Царев Врв на кој нема маркација. Патеката прво ве спушта до преслапот „Ајдучка чешма“, што е најниска точка на патеката, а тука на преслапот десно под патеката навистина има чешма со тоа име, потоа го почнувате искачувањето на Руен кое вкупно од Царев Врв трае околу 2 часа. Од Пониква до Царев Врв патеката е долга 16км или нешто повеќе од 4ч пешачење.

 

Втор правец е преку рудникот „Тораница“. Кога одите од Крива Паланка кон Бугарија пред да стигнете до границата вртите десно према рудникот „Тораница“ одалечен вкупно 18 км од Крива Паланка. Од рудникот можете да се искачувате директно на врвот Руен иако нема маркација, но полесна варијанта е да се искачувате во правец на седлото меѓу Царев Врв и Руен и потоа да одите кон врвот. За таа цел од капијата на рудникот се вози уште 2км нагоре по асфалтен пат. На завршетокот на асфалтниот пат каде што воедно е и влезот на ниво 2 во рудникот, во лево започнува земјен широк пат. По 350м патот се двои во оштро десно кон површински ископ за рудникот. Ние продолжуваме право за да по 700м повторно патот се двои во оштро десно и продолжуваме по него. Ако се продолжи право кај ова двоење се наоѓа објект бачило на два спрата. По 6км искачување по широк земјен пат во правец кон југ се пристигнува на седлото помеѓу Руен лево и Царев Врв (или Султан Тепе) десно. Патот продолжува потоа да се спушта надоле кон Македонска Каменица, а ние вртиме во лево и по сртот се искачуваат последните 3.7км до Врвот попатно поминувајќи ја напуштената караула со голем метален резервоар за вода. Вкупната должина на патеката е 9.7км и во зависност од правецот потребни се околу 2-3 часа. За движење во погранична зона потребно е претходно најавување на граничната полиција на Деве Баир.

 

Третиот правец за искачување е преку Македонска Каменица. Најпрвин се вози 15км по асфалтен пат кон правец на Саса. По завршетокот на асфалтот, продолжува земјен пат во должина од 3км кој води до седлото на Руен и Царев Врв. Од тука во десно по сртот за уште 3.7км се излегува на врвот.

За искачување на Руен од Бугарска страна опис е превземен одhttp://www.osogovo.bgjourney.com/why/Routes/routes.html

 

Хижа “Осогово” – местността “Превала” (кладенец “Бег бунар”) – вр. Руен (2251м.н.в.)

Бајк – 18 км до хижа Осогово – асфалт
15 км до Руен – черен път
Най-популярният и предпочитан от туристи маршрут до вр. Руен. Маркировката е червена по камъни и дървета, също и по метални колове, които са зимната маркировка. Разстоянието в едната посока е около 4 часа стегнат ход без бързане. Тръгва се от хижата в южна посока по асфалтовия път и след около 200м. се отбива вдясно по широк черен път, който след около 15мин. извежда до местността “Грамадите” – слабо наклонено тревисто плато, осеяно със скални късове гранит. Продължава се на запад през пасища, също осеяни с гранитни отломъци, от юг се подсича вр. Кулин камък и се минава под изворите на р. Млачка. Следва слабо изкачване и подсичане от югоизток и юг на вр. Човека, след което се излиза но местността “Превала”, където е чешмата “Бег – бунар”. До тук са около 1,5ч. През 2007г. ТД “Осогово” преустройва бившият граничен пост в удобен заслон.Пътят продължава към вр. Църен камък, като точно пред него пресича билото и продължава по южната му страна, за да се раздвои пред вр. Шипка. Десният слиза в долината на р. Бистрица, а левият води до заслон “Шапка” (също бивша гранична застава). От м. “Превала” до тук са около 1ч.15мин. На 30 – 40м. южно от заслона има чешмичка с питейна вода. Пътеката за върха се отделя вдясно от черния път, леко изкачвайки се по югозападния склон на вр. Шапка. Излиза се на билото, преминава се покрай оставащия вляво гребен Горна Солунка, а след това и покрай вр. Мали Руен. Мали Руен остава вдясно от пътеката и се достигат тревистите склонове на вр. Руен. Разстояние от заслон “Шапка” до върха е около 40мин. Малко пред върха е заслон “Руен”, построен през 2006г. от ТД “Осогово”. Разполага с две помещения, обзаведени с маси и пейки.

Връх “Руен” е на пето място по височина след Мусала, Вихрен, Ботев и Черни връх. Той е и най-високата гранична точка на Европейския съюз.

Игор Тодороски Диви, Јули 2014


Leave a comment

FACEBOOK

Facebook Posts

This message is only visible to admins.

Problem displaying Facebook posts.
Click to show error

Error: Server configuration issue

КАЛЕНДАР

<< Sep 2020 >>
MTWTFSS
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4