Home » ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ » Како се случи Караџица за Велигден ?!

Како се случи Караџица за Велигден ?!

Среда 1 мај 2013. Планот беше за празникот наместо стандардна скара и алкохол во природа, да се вози точак до Марков манастир. Но утрото тој план се растури. Неколкумина откажаа и на крај останавме Јас и Саше. Па брзо направивме нова рута на движење  и во 9.15ч бев кај него пред зграда во К Вода. Набрзина земавме нешто за јадење од пекарата и тргнавме кон Горно Соње преку Теферич.

Планот беше да извозиме до Крстот на Водно од јужната страна. До Горно Соње има 8км и цело време следи константен успон. Од 245м треба да дотуркаме до 850 мнв. По 1ч и 15мин пристигнавме во Горно Соње во црквата Св. Никола Летен изградена кон крајот на 19век. До селото Горно Соње се доаѓа и со приградски автобус бр. 58. Од селото кое е сместено од јужната страна на планината Водно се пружа прекрасна глетка кон високите планински масиви на Китка, Караџица, Јакупица со врвот Солунска Глава, Сува Гора и др. Утринското сонце и прекрасната патека уште на самиот почеток ни го разубавија денот. Тука во дворот на црквата запознавме неколку локални деца. По 30минутна пауза и ладна вода од чешмата во црквата и неколкуте трик финти со карти од локалното момче се упативме кон Врв. Најпрвин се спуштивме 1км надоле од селото а потоа се уклучивме во десно по широкиот земјен пат кон Крст. Нечекаа 9км земјен и сув пат до врвот. Веќе беше пладне а денот беше невообичаено топол и спарен. Ја поминавме рампата за возила каде дежураа шумари разменивме неколку зборови со нив и полека правец нагоре. Направивме една пауза кога влеговме во боровата шума и уште една пауза за јадење на видиковецот кај Бункерите. За час веќе бевме на врвот. Тој ден Водно беше како панаѓур.Почнувајќи од кај бункерите каде што со трактор се истовариле една група тинејџери од Соње па се до Крстот секоја ливада беше поседната. Секој видиковеци настрешница беше запоседнат со излетници. А онаму каде што веќе си заминалетие што на време се опијаниле останале купиштата ѓубре да сведочат за нивнотопрвомајско присуство. Се до наредниот први мај ?! На Водно не му требаат ваквигости. Река млада раја нагрнале во колони по патот секој од нив носејќи по кеса две потенцијален отпад. А жичарата?, Неможе да постигне да ги качи и симне сите посетители. Колона ред се чека за спуштање кон Средно Водно. Малку се задржавмена врвот. Мислевме дека попатно ќе забележиме некој познаник планинар велосипедист добронамерник. Но ништо. Се спремивме и спуст надоле кон СредноВодно. Попатно ни беше станицата на црвен крст. Сигурно таму знаеме некој. И така и бидна, на смена беше Саша и една млада симпатична докторка. Баш кога пристигнавме имаа интервенција. Едно мало момче спуштајќи се по патеките  од врв паднал на дрво и ја расекол раката одситните шпици. Професионално го средија малиот, му врзаа 2-3 завои, кутриот тојжив среќен дури рекламираше и постара рана на другата рака само и таму да добиетретман и завој. Гарант ќе биде фраер во друштвото тој први мај:) . За момент посакавме со Саше и ние да бевме паднале тој ден, макар една гребаница колку да се најде во работа младата докторка и со нас:). Направивме пауза за кафе за Саше, малку прошетевме низ запоставените објекти на црвен крст и ги јавнавме преостанатите 5-6 км до доле. Кај Кочо Рацин се разделивме секој подома. Тој ден многумина скара јадеа и со пиво се ладеа, а јас и Саше сиисточкаравме 50тина километри. Е најважното ќе го заборавев. На паузата кај боровата шума АдХок падна план за наредна тура-ВЕЛИГДЕНСКА. Ова денес беше само загревање за тоа што договоривме и што ни претстоеше петок-сабота-недела. Појака тура, побројна екипа, поголема висинска разлика и голема логистичка поддршка.Имавме еден работен ден пред нас до конечното заминување на 3-дневен офроуд трип.

vlcsnap-2013-05-07-12h04m18s23

Петок 3ти Мај 2013. 6ч 55мин излегувам од дома. Планирав да правам 2сендвичи за по пат но лошо го пресметав времето на спремање тоа утро.35 литарскиот ранец мислам дека никогаш не бил потежок. Во него имаше храна за 3 дена, 2 литри вода и 1 литро пиво. Облека, јакна и други ситни работи. Одвај го ставив на грб. Го затегнав максимално и правец кон раскрсницата на усје. Попатно застанав на бензинската во козле да ги напумпам гумите. Овој пат ги напумпав на 3.5 бари. Тешко мене со овој ранец денес си велев во себе знаејќи дека ме чекаат долги 50 километри од кои 35 константен успон и совладување на висинска разлика од околу 1400 метри. Наредно застанување беше во пекарата во Кисела Вода. Таму и се сретнав со Саше кој за разлика од мене си беше дошол со дупло полесно ранче. Во пекарата ми спремија оброк на мој начин. Претходниот ден имав купено лебче со маслинки од Кам маркет па во пекарата само ми го појачаа со по четврт бурек во него. Симитка со бурек со месо. Мераци. Преку последна 24ка за брзо бевме на семафорите на усје. Односно точно во 7.30ч како што бевме договорени со Симон и Пепи. Но таму немаше никој, Пепи ни се јави да ни каже дека не чека кај гробиштата во Драчево од причина што некако го утнал времето на состанување па подранил малку повеќе. За момент се појави и Симон од правец на Ново Лисиче. Ита ли ита на новиот велосипед. Прва тура за сефте со новиот полар. Бело црн чист како од излог, спремен за малтретирање и валкање.По кратко меркање и честитање за долги тури тргнавме кон Драчево. Одвај чекавме да се одвоиме од главниот пат бучен и небезбеден за точак и да фатиме нагоре према Долно Количани. Застанав за момент кај таблата на раскрсницата. Имаше неколкумина продаваа свеќи. Тука во близина се гробиштата. На таблата пишувашес. Алдинци – 30км. Тоа беше последното населено место кон нашата крајна цел –Планинарски Дом Караџица.

Првата пауза ја направивме по точно 7км во Долно Количани пред коперација. Тука и јадевме. Првата половина од мојата симитка со бурек со месо ми дојде како ред бул на тинејџер у диско. Тука не стаса и другиот дел од нашата екипа т.е. Логистичката поддршка за акцијата. Љубо со комбето и 7 жени. Само веле квареше просек. Застанаа и они. Се поздравивме се најадовме и откако јас оставив во комбето килоипол маса од мојот ранец (2 пива и 500гр конзерва грав) тргнавме заедно нагоре. На веле му дадов една моторолаза комуникација за погоре во гората. Комбето брзо не помина и продолжипонатаму. А ние 4ца продолживме со нашето темпо кон Преслап. Неколку години несум поминал по овој пат до преслап. Пред и по Црвена Вода асфалт скоро и дане маше, беше во многу лоша состојба прекриен со крупен камен за тампонирање и многу дупки. Тоа беше и најтешката според мене делница од трасата. Среќа за насмногуте извори со ладна вода ни беа утеха и место за одмор. По 17км од раскрсницата кај Драчево пристигнавме на Преслап. Тука беше вториот поголем одмор и оброк. На радиостаница се јави Љубо. Во моментот кога ние стигнавме напреслап тие тргаа кон Алдинци од рибникот на Кадина каде што пиеле кафе во хотелот ПРИНЦ. Тука добивме совет кога ќе се симнеме на рибник да не продолжиме по стариот пат кон Алдинци туку позади рибникот по новиот пробиен пат. Така и направивме. По паузата на преслап брзо се спуштивме стотина метри висински до рибникот. И ние тука направивме пауза. Саше Симон и Пепи пиеја кафе а јас го разгледав местото. Огромно ново здание направено на скоро непристапно место што би рекле американците In The Middle of nowhere. Хотел со 60 кревети и купатила во секоја соба.Сопствен генератор за струја, ресторан скоро голем и луксузен за свадби. 1 0евра чини ноќевање. 50 денари турско кафе. 700 денари кило пастрмка во ресторанот. А до зградата во задниот дел буфта Кадина река. Чиста и голема.Прилично свежо и ладно место со оглед дека е во дол помеѓу две големи брда скоро планини. Го фативме посочениот краток пат најпрво поминуваќи ја Кадина река на импровизиран мост од 2-3 дрва. Патот се гледаше дека е тазе пробиен и  емногу стрмен. Бевме приморани поголемиот дел од тие 2.5 км кратенка да гураме. А патот беше приказна за себе. Или багеристот бил пијан или тежок локален аматер.Ишарана цела шума со цел да се најде најоптимален нагиб и кривини. Багерот пробивал до едно место па се вратил па подоле фатил па круг па полукруг и такасе до Алдинци. Душа ни излезе. Налет нека е кратенкава.

Во селото сретнавме земјоделци од Студеничани и Скопје. Компир одгледуваат. Разменивме некој збор со нив и продолживме нагоре. Алдинци е село во Општина Студеничани, 40тина километри од Скопје. Според пописот од 2002 година, во селото живееле 3 жители.Но сега селото нема стални жители. Од пролет до есен се враќаат пензионери источари земјоделци. Селото се наоѓа во областа Торбешија и е на горното течениена Кадина Река, на планината Мумџица или Алдинска. Од другата северна страна природна граница е планината Празни Торба под чии пазуви се наоѓа селото Цветово. Еден од најголемите производители на јагоди во Скопско. Од Алдинци ни остануваа уште 4.3 км до домот. Крајот веќе беше близу но и силата ни беше прикрај. Застанавме над селото на последната пауза. Јас ја мавнав и втората симитка. И другите јадеа и се појачуваа со енергија. Пред домот во шумата непречекаа 3 жени. На Симон на Саше и Пепи. Најпрвин помислив дека комбето гиоставило пред дом а они несекајќи да пешачат нагоре решиле да си одат надоле J Не бев и далеку од вистината, недочекаа на нож. Бар Саше и Симон. Се пожалија дека нема струја во домот, имало невреме минатата ноќ. А Марија му се пожали на Саше и за купатилата и уштенекои ситни работи. Сакаше да си оди дома. Саше и го даваше точакот но неприфати :- )

Во домот имаше30тина гости. Терасата беше окупирана и сите уживаа на сонцето и погледот кон снежнитеврвови на Јакупица. Тука ги сретнавме и другите двајца бајкери дезертери одклубот наш. Томица (Марица) и Ивица. Знаеа дека и ние ќе одиме на Караџица идека во 7.30 сме договорени но они си тргнале 1ч порано, се плашеле сонцето дане ги изгори. Во кујната го сретнав Веле со Југослава и Маја. Спремаа ручек. Сеближеше време за јадење па мојата крем супа и ја дадов на Југослава да јазготви и да ја поделиме. А они поделија со мене салата, макарони и телешкомесо. Се најадовме за мерак. Не изостана и ракиичка и пиво. Првиот ден одтурата привршуваше а ние изморени и црвени од сонцето полека не обземаше сонот.Бидејќи беше велики петок немаше нешто многу јадење мезе и алкохол таа вечер.Го испочитувавме празникот до некоја мера. Домарот Филип засвире на кавалот аИвица го пратеше како тенор на опера. Салата звучеше како на концерт од КУДМирче Ацев. Се изредија народни староградски мелодии и песни по некое пиво иаплауз. Убав крај на убав ден. Наредните два знаевме дека ќе бидат уштепоубави.

Сабота 4ти мај 2013. Велика Сабота. Ден пред велигден но и ден на кој сеодбележуваше 110 годишнината од смртта на Гоце Делчен и 33 години од смртта наТито. Тоа утро сите во домот, освен мене, ги разбуди силно викање и трескањеуште во 6ч утрото. Саше сведочеше дека додека го проверувал велосипедот одгорните соби се слушнало силно викање : Наркоманууууууќе те убијам што ти ееее, Ќе те кажам на мајкати дрогираш еден неможам веќе сотебе. Контролирај се ! Сите стрчале да видат што е работата. Еден млад парнајверојатно по тешката ноќ неиздржале. Караници викање, по некој шамар удар ипропратни елементи на тешка Сваџа што би рекле србите. Кутрите, наместо да се “карале” на српскиначин тие фатиле на македонскиот. Одбрале погрешно КАРАЊЕ ! Јас кога станав од спиење ја забележав девојката како брзо се спремаше за напуштање на Хотелот. Медениот месец им завршил порано. Влезната врата од собата беше извадена одшарки. Си велев имало упад од полициски сили. До толку било јако . Подоцна Филип ми кажа дека он и татко му интервенирале и ја извадиле вратата за да спречат заклучување од младите. Во истиот момент биле протерани. Ја слушнав само старата шкода без хауба која забрче и се изгубија кон Скопје. Повторно завладеја мир и спокој во домот. Скоро сите бевме на број наредени на терасата како сардини, апсорбирајќи го мајското сонце и снеговите на Солунска Глава. Тоа е еден од ретките моменти кога зажалувам што не пијам Кафе ! Да биде трагедијата уште поголема во домот неможев да најдам ни Какао. Им завидував на сите. А ме мрзеше да си направам салатичка и да залијам 2-3 ракии. Тоа ти е кога одам на тура во планинарски дом без девојката. Немам сопствена логистика.Ај си велам, ова е последно. Среќа со нас беа Југослава и Маја, па не гледаа како свои деца. Гладни не останавме. Бар јас не. За Веле незнам.

Слика

На Двајца од бајкерите, Томица и Симончо, изгледа малку им дошло вчерашното точкарење од 50км па утрото уште во6ч тргнале кон Горно и Долно Јаболчиште. Села во општина Чашка, Велешко. Се наоѓаат на 980 метри висински на падините на планината Голешница. Во близина населата извира реката Тополка. Од Планинарскиот дом Караџица се оддалечени 13километри земјен пат. Во 1961 година селото имало 771 жител, од кои 758 билеТурци и само 11 биле Албанци.Додека бројот на населението во 1994 година едвојно зголемен на 1 538 жители, само Албанци. Според пописот од 2002 година,Горно Јаболчиште ја има следнава демографска слика:Жители 1741, Албанци 1727,Останати 14. Негде околу 11 часот и ние останатите точкаџии тргнавме на еднакратка вожња. Со нас дојде и веле со точакот на Ивица. Извозевме до споменикотна руските војници 5.5 км од домот. Тука и јадевме и за брзо се вративме назад.Бевме договорени со жените да одиме на Жаба. Јас на жаба се спуштив со точакот.Патеката е Single Track долга е скоро 2км и емногу добра за спуст без големи препреки и претерана стрмнина. Од жаба сеспуштивме уште подоле на течението на Кадина. Една друга група момци се обидуваше на реката  да направиимпровизиран мост. Ставаа големи стебла попреку. Сите исполегнавме на карпите и се сончавме. Имаше и обиди за поминување преку реката по тесно стебло од Саше иТомица. За жал не успеавме да фатиме сеир со пропаѓање внатре. По одмор од45мин се вративме во Домот. Јас успеав поголем дел од стазата нагоре да јавозам. Тој ден Љубо уште од утрото се беше зафатил во кујната. Спремаше 2 килагравче тавче. Посно. Ние што сакавме да се омрсиме си спрживме колбаси. Самошто се вратија од бегово поле Југослава и Маја седнавме да ручаме. За момент гиснема 2те тави грав. Беше вкусно а ние гладни. И планината и воздухотдопринесуваа за тоа. Иако поминат во 2 води, подоцна чув фалби дека гравот билракетно гориво J . После таков грав ми дојде потреба од благо. Јас моетосуво грозје го изедов на Преслап па немав ништо. Го прашав Филип да не случајноимаат на залиха нешто. Јок ! Прашав уште неколкумина. Бев спремен да платамтродупло од цената во град. Се осеќав како трудна невеста. Во пресрет ми излезеДина, новата другарка и иден член во ПК Кораб. После нека збори Љубо дека Дивине се ангажира за подмладокот на клубот : – ) Ја најдов на горниот спрат талкајќи по благо. Читаше книга Мулен Руж. Но мислам дека повеќе гледаше и се насладуваше на снежните падини на Јакупица и Јурукова Карпа отколку што читаше. Дина подели со мене смокви. Добро ни дојдоа и на двајцата. И она сакаше да се поправи. Па си најде другарче. По ручекот не напуштија двајцата дезертери. Како дојдоа така и си заминаа. Сами. Штета, ќе нема вечер кој да го пратимаестро Филип на кавалот. Попладнето не фати дремка. Легнавме да одмориме предвечерното одење во црква :- ) . Серазбира дека не бевме во црква. Најблиската беше на 30 км воздушно. Но вечертаспремивме јадење и салата. И јајцата беа на готовс. Најпрвин Веле убаво неиспости со пола кило сончоглед и кикирики во комбинација со пиво. Во 24чконечно се искршивме. Изедов толку јајца што ми беше срам кокошките во очи даги погледнам ! Имаше и црвено домашно винце од Саше. Убаво го дочекавме Христовото воскресение. Си легнавме околу 1ч по полноќ. Планирав да спијам до подоцна во недела.

Недела 5ти Мај 2013. Се разбудив пак рано. Устата ми беше сува од винотоа меурчето полно. Се олеснив и пак си легнав. Продолжив да спијам до 10 часот.Да спиеш до 10 часот на планина ти е исто како кога спиеш во Скопје до 18ч ! Подуслов да си легнал во 1ч по полноќ ! На терасата иста слика како претходниотден. Со таа разлика што сега се мрсеше па друштвото од рано се фатило соработа. Ракии салати риба и други ситни мезиња. Ми беше криво што спиев докасно. И ракијата се испила и од мезето снемало. Ништо си реков, ќе се воздржамдо ручек за кога се планираше скара. Во тој момент ме изненади Марија на Саше.Извади кокосови благи. А и Веле од другата страна со Штрудли ! ми се смееја завчера кога барав благо а они молчеле. Околу пладне направивме прошетка до ливадата на Мумџица. Таму останаа Веле со Југослава, Маја и на Дина мајка и.Јас им донесов голем душек. Ми се чини дека се обидуваа да влезат во тајните на Јогата. Со среќа нека им е. Продолжив нагоре со Љубо Симончо Бистра Ели и една планинарка кон гробот на домарот Борис. Чичко Борис и тетка Павлина се првите домари на планинарскиот дом Караџица изграден 1954 година. Тие пристапувајќикон домот и сите посетителите со својата љубов и ден денес живеат во сеќавањатана постарите посетители кој раскажувајќи ни на нам помладите, ни влеваатчувство дека станува збор за луѓе кој навистина ја сакале планината, природата,домот. Потоа продолживме нагоре по сртот на Мумџица кон т.н. Љубина карпа. Назад во домот бевме околу 14ч. Сите се зафативме со ручекот. Јас моите  3 колбасички ги ставив да се крчкаат заедно со останатото месо во релната од ќумбето. Помогнав и со компирот печен и набрзо се беше спремно. Југослава спремаше динстан зеленчук брокула тиквичка морков и беше многу вкусно. На другата маса беа месарите и моите 3 колбасички. Најпрвин со нив мевце а потоа зеленчук и печен компир со Веле Југослава и Маја. И на Филип му фатија око компирите. Седеше со нас и мезеше. Супер неделен ручек кој ни даде многу енергија за спустот кој ни следеше. 36 километри до Драчево. Сите ние со нетрпение го очекувавме. 

Се спремивме, поздравивме со домарите со желби за повторно видување и сите заедно го напуштивме домот. Ние 4ца со точаците а другите со Комбето. Јас ги подиздишав гумите на точакот со цел за подобра амортизација испустот започна. Набрзо го поминавме комбето и движејќи се со просечна брзинаод 20км се спуштивме на Кадина. Исцрпни 14 км спуштање земјен пат. Следеше искачување од 3.5км до Преслап кои многу лесно и брзо ги искачивме а потоа уште 20тина километри до драчево. На уздолнините развивавме брзини од скоро 60 км/чбез притоа вртејќи ги педалите. За 1ч 45мин бевме во Драчево. Првото што го забележавме сите ние кога застанавме на раскрсницата беше топлото време и спарнината. Неспоредлива разлика која само планинарите и веосипедистите ја имаат почувствувано. Во Драчево, за турата да биде цела, отидовме на гости кајна Саше пријател. Добро ни дојде тенкото розе винце со по нешто мезенце иблаго. Тргнавме кон дома во моментот кога зароси. Да не почнеше да врне немашеда ни текне да си одиме. Не чекаа уште 15 км пат по градските улици. Попоминати 3 дена на планина и во природа се чувстував како питач на семафор војули. Одвај некако догурав до дома ! Како што пишав погоре, истркалавме 112 кмпат одлично распоредени во 3 дена притоа уживајќи еден различен Велигден од останатите пријатели.

СТАТИСТИКА ЗА МТБ ТУРАТА НА КАРАЏИЦА

 

ДЕН1 ПЕТОК

Козле = 0км

Дрварадрачево = 15км

Преслап =38км

Караџица =46.2км (преку кратенката од кај Рибникот)

Вкупно активно време на возење = 4h 15min

Просечна брзина = 10.9 км/ч

ДЕН2 САБОТА

Караџица –Руски Споменик – Караџица – Жаба = 13км (1h 10min)

ДЕН3 НЕДЕЛА

Пл.Дом Караџица = 0км

с.Алдинци =4.3км

Рибник на Кадина = 13.3 км (по кружен пат)

Преслап =17км

Дрвара Драчево = 36.5км

Козле =51.5км

Вкупно активно време на возење = 2h 32min

Просечна Брзина = 20.7 км/ч

Максимална брзина при спуст без вртење педаљи = 58.5 км/ч

СУМА

Вкупно поминат пат = 112км за време од 8h 12min со просек од 15км/ч

ИгорТодороски Диви, понеделник 6ти мај 2013


Leave a comment

FACEBOOK

Facebook Posts

This message is only visible to admins.

Problem displaying Facebook posts.
Click to show error

Error: Server configuration issue

КАЛЕНДАР

<< Nov 2020 >>
MTWTFSS
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6