Home » НОВОСТИ » ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ (MTB)

ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ (MTB)

ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ (MTB)

IMG_0528Велосипедизмот е покрај пливањето еден од спортовите кои ангажираат најголем број на мускули и мускулни групи во нашето тело. Планинскиот односно брдскиот велосипедизам (Mount bike) е спорт во кој со велосипед се вози по т.н. оф роуд патеки, патеки кои се наоѓаат во шуми, брда, планини, полиња и сл. Во неколкуте последни години овој вид на велосипедизам се здобива со се поголем број на поклоници и симпатизери, и се стекнува со се поголема популарност. Заслуга за тоа имаат и се поголем број на неформални групи на велосипедисти како и неколкуте импортери на велосипеди. 

Зголемениот број на активности, организирање на ревијални и рекреативни возења, како и на натпревари придонесоа голем број луѓе на овој начин да се свртат кон природата и рекреативниот спорт.
Планинскиот велосипедизам меѓутоа бара од друга страна и специјализирана опрема и велосипеди наменети токму за оваа категорија на велосипедизам како и одредени предзнаења, искуства и техники за офроуд возење.
Првите МТБ велосипеди беа изработени во Америка во почетокот на шеесетите години од минатиот век. Меѓу првте биле велосипедите од марките Швин (Schwinn) , Спешалајзд (Specialized) и Гери Фишер (Gary Fisher) како и познатиите Канадски Роки Маунтин. Денес има некоку видови на МТБ велосипеди кои се наменети за различни видови на терени. Првите МТБ велосипеди немаа амортизери за ублажување на ударите од неравниот терен, додека денес редовно се вградуваат.
Планински велосипеди може да се класифицираат во четири категории врз основа на суспензијата:
Fully rigid – рамка со крута и фиксна вилушка задниот дел, нема суспензија.
Hardtail – рамка со предна суспензија (амортизација). Овој тип на МБ велосипеди е наменет за успони и за крос кантри возење. Поради недостаток на задна суспензија (амортизери) нее препорачлив за неуредени терени и спуст по истите.
Soft tail – рамка со кратка задна суспензија, активирана од страна на флекс на рамката наместо пивот.
Dual или Full suspension – Овие велосипеди имаат предни и задни амортизери. Идеални се за спуст по неуредени и стрми терени, но се бавни за успони (поради поголемата тежина на самиот велосипед и поради задните амортизери). Денес повеќето нови велоспеди имаат можност за заклучување на амортизерите (обично се заклучуваат при успон и тогаш губитокот на енергија е многу помал). Фул суспенжн велосипеди се користат за спуст или крос кантри. Велосипедите за спуст имаат поголем од на амортизерите (околу 200 мм) , додека другите имаат максимално 120мм од (воглавно 80 или 100 мм). Исто така задните амортизери се појаки и во поинаква положба. Фул суспенжн велосипеди за крос кантри се користат доколку патеката е технички позахтевна или е маратон патека.
Постојат неколку различни стилови на планинскиот велосипедизам, и обично се дефинирани од конфигурацијата на теренот и начинот на возење. Стиловите во МТБ велосипедизам како и МТБ велосипеди еволуирале брзо во последните неколку години, а тоа довело до потреба од термини како што се Freeride и „Trail bike“ кои се користат за да се категоризираат МТБ велосипедите. Дефиниции за најшироко употребуваните термини се наведени подолу.
Крос-кантри (CC) МТБ велосипеди се наменети првенствено за дисциплина на крос-кантри трки. Крос-кантри трки се со карактеризираат со возење на угорница, брзина и издржливост и наметнуваат велосипеди, кои се и лесни и ефикасни на таков тип на терени. Во осумдесетите и раните девеесети CC планински велосипеди обично биле со hardtail рамка од лесен челик со крути вилушки. Во текот на деведесетитетите се користат лесни алуминиумски рамки и кратки движење (65-110 мм) на предната суспензија. Геометријата на крос-кантри велосипеди е создадена да го олеснува движењето по угорница како и способноста брзо да одговори на возењето по удолница и да ја одржува стабилност и сето тоа се постигнало како резултат поставеноста на аглите на главата од 70-71O. Иако наменети за крос-кантри МБТ велосипеди со акцент на лесна конструкција не се наменети да се користат на повеќето стрмни или тешки (технички) терени. Подкатегорија на ХС МТБ велосипеди се таканаречените Треил (Trail) велосипеди кои обично се користат од страна на рекреативци. Тежината им изнесува помеѓу 12 и 15 кг. Аголот во главата е нешто помал 68-59О што резултира со поголема стабилност при возењето на удолница.

Giant Glory DH 2009

Спуст (Downhill) велосипеди по правило се изработуваат со зајакната рамка која од друга страна пак бара користење на лесни но скапи материјали (карбон фибер). Во последно време со користење на овие материјали се успеа да се намали тежината до граница под 18 кг. Спуст велосипедиоте се идеални само за возење на удолница поради самата конструкција – агол на рамката од 63О, суспензија со од од 200 мм, многу се пониски од стандардните крос велосипеди, а со тоа се посигурни на стрмни удолници и кривини. Опремата за спуст нее са мо велосипедот, тука се подразбираат и штитници за одредени делови на телото како и заштитен шлем за цела глава.

Денес меѓу најпознатите производители на МБ велосипеди се наоѓаат американските компании. Традицијата на пионерите ја продолжуваат Швин, Гери Фишер и Спешалајзд (анг. Specialized). Денес еден од најквалитетните производители се Кенондејл (анг. Cannondale) кои даваат доживотна гаранција за рамот и е еден од ретките производители кои своето производство сеуште не го преселиле во Тајван или Кина.
Производството во Европа почнува нешто подоцна и се издвојуваат италијанскиот производител Бјанки (итал. Bianchi), германскиот Кенјон (Canyon) и Коратек (Coratec).
Денес МБ велосипеди се опремени најчесто со 27 брзини (3 х 9). Менувачите на брзините се претежно јапонски Шимано и американските Срам. Најквалитетни од Шимано се менувачите од серијата XTR, а од СРАМ Х.0. СРАМ. Што се однесува до кочниците и тука има неколку типови на кочници од кои најдобри се диск кочниците кои работат на ист принцип како кочниците на автомобилите. Најдобрите и најјаки диск кочниците се на принцип на хидраулика. Некои од подобрите производители на кочници се гер­манскиот производител Магура, јапонскиот Шимано, и американските Авид и Хејс.


Leave a comment

FACEBOOK

Facebook Posts

This message is only visible to admins.

Problem displaying Facebook posts.
Click to show error

Error: Server configuration issue

КАЛЕНДАР

<< Oct 2020 >>
MTWTFSS
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1