Кораб 2019

Околу 900 учесници учествуваа на 28-то традиционално искачување на Кораб 2764 мнв. Учесници на оваа искачување имаше од поголем број планинарски клубови од Македонија, како и од околните земји и учесници од различни страни од светот кои во моментов биле во Македонија и ја искористиле можноста да го искачат Голем Кораб.

Организаторот Кораб им се заблагодарува на сите улесници, како и на подржувачите на акцијата:

Сава Осигурување

Искра Тел

Агенцијата за промоција и подршка на туризмот.

28-мо ТРАДИЦИОНАЛНО ИСКАЧУВАЊЕ „ГОЛЕМ КОРАБ 2019“

Програма:
08.09.2019 – НЕДЕЛА
9:00 Официјално започнување на искачувањето
15:00 Затворање на врвот за искачување и враќање на сите од врв и од патеката назад ко караула Победа. Нема да се дозволи натамошно искачување поради режимот на гранична контрола и безбедност на учесниците.
19:00 Заминување на последниот Автобус.
Патеката до врвот Голем Кораб (2764 мнв) е 18160м долга,во двата правца. Патеката е маркирана,а водачите од клубот се долж патеката за евентуална помош и асистенција.
Почетна точка за искачувањето е караулата Победа на 1450 мнв.
Вода за пиење има на првото бачило. Пиење вода од попатните поточиња нее препорачливо поради можно загадување на истата од стадат на овци ки се напасуваат по ливадите. Пожелно е со вас да имате околу 2 л. вода.
Оваа година ќе има посебен режим на пропуштање на возилата. Предност ќе има организираниот Автобуски превоз од Скопје од страна на ПК Кораб. Сите учесници кои доаѓаат со сопствен превоз ќе мора да ги почитуваат упатствата и насоките од граничната полиција и од редарите на ПК КОРАБ.
(more…)

КОРАБ 2764 мнв

Голем Кораб 2764 мнв

Голем Кораб (2753 m) е највисок врв на планината Кораб, а воедно и највисок врв во Република Македонија. Врвот се наоѓа во северниот дел на планината, на границата со Република Албанија. Врвот е доста стрмен, особено кон албанската страна и изграден од тријаски варовници. Поради големата височина, во близина и во подножјето се јавуваат траги од плеистоцена глацијација: циркови, валови, морени и др. Под врвот извира Длабока Река (десна притока на Радика), на која се наоѓа водопадот Пројфел висок 133 m.

До планината Кораб се пристигнува по западната магистрала Гостивар – Дебар. Некаде околу 8 км од Маврови Анови спрема Дебар во близината на мотелот Трница или поточно кај состав Река (каде Маврвовска река се влева во Радика). Се врти десно спрема селото Ничпур и месноста Стрезимир.
Од оваа раскрсница односно состав Река се оди по макадамски пат (редовно се одржува) околу 15 км се стигнува до полициската станица Стрезимир, од полициската станица се продолжува по истиот макадамски пат кој води покрај реката Радика уште 4 км. Потоа се свртува лево спрема караулата Победа која е оддалечена од кривината 1,5 км.

Во караулата Победа се наоѓа погранична полиција и препорачливо е пред искачувањето да се пријавите и да оставите ваш контакт и кратки информации за планираната тура и фактички оттука почнува освојувањето на врвот Голем Кораб за кој ви се потребни 4-5 часа. Патеката е маркирана. На оваа планина нема планинарски дом. Доколку одлучите да поминете повеќе од еден ден тогаш е потребно со себе да понесете шатор и вреќа за спиење.

https://www.google.com/maps/dir/

KORAB MAPA

GPX

ПОВЕЌЕ

Зимски Камп

Posted by Tomica Kotevski – Mountain Guide on Sunday, January 22, 2017

ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ (MTB)

ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ (MTB)

IMG_0528Велосипедизмот е покрај пливањето еден од спортовите кои ангажираат најголем број на мускули и мускулни групи во нашето тело. Планинскиот односно брдскиот велосипедизам (Mount bike) е спорт во кој со велосипед се вози по т.н. оф роуд патеки, патеки кои се наоѓаат во шуми, брда, планини, полиња и сл. Во неколкуте последни години овој вид на велосипедизам се здобива со се поголем број на поклоници и симпатизери, и се стекнува со се поголема популарност. Заслуга за тоа имаат и се поголем број на неформални групи на велосипедисти како и неколкуте импортери на велосипеди.  (more…)

FACEBOOK

Facebook Posts

This message is only visible to admins.

Problem displaying Facebook posts.
Click to show error

Error: The 'manage_pages' permission must be granted before impersonating a user's page.
Type: OAuthException

КАЛЕНДАР

<< Aug 2020 >>
MTWTFSS
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6